Top Sport

Лајпциг нуди 25 милиони евра за Елмас

Третопласираниот тим во Бундес лигата и учесник во осминафиналето во Лигата на шампионите, Лајпциг, го обновил интересот за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас (24), тврди „Кориере дело Спорт“.

„Кориере дело Спорт“, пишува дека Лајпциг ќе испрати понуда до Наполи во зимскиот преоден рок. Според овој извор понудата ќе биде 20+5 милиони евра, односно фиксната сума ќе изнесува 20 милиони евра, а Наполи, доколку ја прифати понудата ќе може да добие дополнителни пет милиони евра преку бонусите кои ќе бидат вметнати во договорот.

Елмас сезонава во Серија А одигра 11 натпревари, постигна два гола. Неговиот договор со Наполи истекува на 30 јуни 2025 година.

Вредноста на Елмас според „Трансфермаркт“ изнесува 26 милиони евра.

Scroll to Top