Top Sport

(Видео) Полицијата ја истражува прославата на голот на играчот на Астон Вила

Британската полиција потврди дека ги контактирала Астон Вила и Брентфорд за да дознаат повеќе детали за прославата на голот на Оли Воткинс за време на натпреварот на двата клуба од Премиер лигата викендов.

Во неделата Астон Вила на гостински терен го победи Брентфорд со 2:1, а Воткинс го постигна победничкиот гол против својот поранешен клуб во 85. минута. Тој прослави влегувајќи во голот и низ мрежата покажуваже со прстот во правец на навивач за кој рече дека го навредувал во текот на целиот натпревар.

„Ќе стапиме во контакт со челниците на Астон Вила и Брентфорд со цел да откриеме повеќе детали“, изјави портпаролот на Метрополитен полицијата.

Прославувањето на голот на Воткинс за малку ќе предизвикаше тепачка меѓу играчите на двата тима.

„Едно лице ме навредуваше во текот на целиот натпревар, од првиот момент. Ми кажа работи од лична природа. Немаше расни навреди, но тој кажа многу работи. Мислев дека треба да му вратам. Тоа беше упатено до него, до никој друг на стадионот. Го почитувам клубот, луѓето, сопственикот, тренерот. Така им кажав кога заминував“, изјави Воткинс.

Scroll to Top