Александар Лаказет во целост го обележа четврт-финалниот реванш, во Лига Европа, помеѓу Славија и Арсенал. Францускиот напаѓач, постигна два од четири гола на Арсенал, но свој печат на натпреварот стави уште пред неговиот почеток.
Играчите на Арсенал и во Прага, клекнаа, за да испратат порака против расизмот и дискриминацијата. Лаказет направи чекот повеќе, тој клекна пред фудбалерите на Славија, кои никогаш не клечат пред почетокот на натпреварите.
Славија, се наоѓа под критики на јавноста уште од натпреварот со Глазгов Ренџерс. УЕФА, го обвини за расизам Кундела, а неколку часа пред натпреварот објави дека тоје е суспендиран на десет натпревари.
Поради оваа казна Кундела ќе го пропушти Европското првенство.
Lacazette ✊❤️ pic.twitter.com/aHlh1SYr00
— Football on BT Sport (@btsportfootball) April 15, 2021