Top Sport

Лаказет се враќа дома

Францускиот фудбалер Александар Лаказет, по пет години реши да го напушти Арсенал.

Лаказет, за сума од 53.000.000 евра во 2017 година од Лион се пресели на „Емирејтс“. Со Арсенал освои само еден трофеј, во ФА купот. За клубот одигра 206 натпревари и постигна 71 гол.

Според „Лекип“, тој ќе се врати дома, во Олимпик Лион, каде што порасна и играше за првиот тим 8 години.

За Лион има постигнато 129 гола на 271 натпревар. Во кариерата одиграл 16 натпревари за Франција, постигнал три гола.

Scroll to Top