Top Sport

Лаказет во 95. минута спасуваше реми против Палас на Виера

Кристал палас беше на чекор до сензационална 2:1 победа над Арсенал на „Емирати“, пред Александер Лаказет во 95. минута да постигне гол и да ја продолжи низата на Микел Артета од пет натпреварибез пораз, во меч во кој сите очи беа вперени во Патрик Виера, менаџерот на Палас и поранешен капитен и легенда на „топчиите“.

Виера доби одличен пречек и песна од навивачите на Арсенал кога влезе на теренот, но 90-те минути кои следуваа не беа „празнични“ за Арсенал.

„Топчиите“ стигнаа до брзо водство преку Пјер-Емерик Обамејанг уште во 8. минута од мечот, но како што течеше играта гостите беа подобри и подобри, што се покажа и со пресвртот во второто полувреме. Кристијан Бентеке во 50. минута успеа да израмни на 1:1, пред Одсон Едуар во 73. минута од мечот да постигне прекрасен гол за водство на Палас. Сепак, образот го спаси Александер Лаказет со гол во 95. минута од мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top