Top Sport

Венеција ја шокираше Фиорентина

Новиот италијански прволигаш, Венеција излезе од зоната за испаѓање, откако на „Пјерлуиџи Пенцо“ ја шокираше Фиорентина со 1:0.

До втората победа во новата сезона, тимот на Паоло Занети дојде со голот на Матија Араму во 36. минута од мечот, кога одбраната на гостите од Фиренца потфрли и дозволи домаќините да стигнат до брза контра.

Поразот е веќе четврти во осум меча за Фиорентина, со што тие остануваат на 9. место на табелата, додека Венеција сега е 15. место на табелата со 8 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top