Top Sport

Ламела: Блиску е моментот кога ќе се вратам во Ривер Плата

Фудбалерот на Тотенхем, Ерик Ламела, рекол дека побргу од прогнозите би можел да се врати во својот матичен клуб Ривер Плата.

Ламела две години играше за Ривер (2009-2011), потоа се пресели во Рома, а изминатите пет години е играч на Тотенхем.

Аргентинецот во Тотенхем не покажа ниту дел од својот неверојатен талент, иако оваа сезона игра во добра форма. Според неговите зборови тој со нетрпение го чека моментот кога ќе се врати во татковината.

„Се уште сум млад, но се ближи моментот кога ќе се вратам во Ривер. Доколку клубот ме сака назад ќе бидам воодушевен (да се вратам)“, изјавил Ламела.

Оваа сезона му е најдобра во дресот на Тотенхем, на 13. одиграни натпревари има учинок од шест гола и две асистенции.

Scroll to Top