Аргентинскиот фудбалер од Тотенхем, Ерик Ламела, постигна гол во средата против Барселона, а имал интересна задача што морал да ја заврши по завршувањето на мечот.
Тотенхем доживеа пораз од Барселона (2:4), Ламела го постигна вториот гол за својот тим, а за по натпреварот добил задача од својот татко да му г земе дресот на Лионел Меси.
Меси блескаше против Тотенхем , постигна два гола, а за среќа на ламела тој го смени дресот со својот сонародник. Ламела изјавил дека доколку не успеел да го добие дресот на Меси ќе „настрадал“ од својот татко.
„Дресот го зедов за мојот татко. Ќе ме убиеше доколку не успев во тоа“, рекол Ламела, дополнувајќи дека „Меси е најголемиот на сите времиња“.