Top Sport

Лампард: Бев посреќен кога загубивме од Јунајтед отколку со ова реми

Френк Лампард признава дека притисокот се зголемува откако Челси не успеа да победи во првите три официјални мечеви под негово водство, но додава дека повеќе му се допаѓала играта на „сините“ при 4:0 поразот од Манчестер јунајтед минатата недела отколку при 1:1 ремито со Лестер денеска.

Покрај овие два меча, Челси во средата загуби на пенали по 2:2 ремито со Ливерпул во УЕФА Супер купот. Против Лестер, неговиот тим имаше одлични половина час игра во која дојдоа до водство преку Мејсон Маунт, но во второто полувреме Лестер не само што израмни, туку имаше и шанси да ги однесе трите поени од „Стемфорд бриџ“.

„Знам дека тука резултатите се најважни. Чудно е бидејќи перформансите против Манчестер јунајтед ме направија позадоволни иако загубивме со 4:0. Верувам дека имаме квалитет, така што мораме да покажеме повеќе. Има моменти кога треба да бидеме посилни. Кога мечот ќе се сврти, треба да ја вратиме контролата и да ја движиме топката подобро. Мораме да работиме на тоа. Мразам оправдување со замор, но беше фактор во второто полувреме. Видов Ливерпул како се мачеа за 2:1 победа над Саутемптон, бидејќи двата тима имавме 120 минути игра и потоа враќање дома во Англија. Но, нема изговор“, вели Лампард.

Лампард и Челси остануваат без победа по трилерот со Лестер (видео)

Scroll to Top