Top Sport

Лампард и Челси остануваат без победа по трилерот со Лестер (видео)

Френк Лампард ќе почека за првата официјална победа со Челси, откако во супер-интересен меч одиграа 1:1 со незгодните Лестер. Овој резултат доаѓа по тешкиот 4:0 пораз од Манчестер јунајтед во првото коло од Премиер лигата и по поразот на пенали од Ливерпул во УЕФА Суперкупот во средата.

Во првиот меч на „Стемфорд бриџ“, тимот на Лампард тргна силно и моќно со голем број на шанси, и веќе во седмата минута Мејсон Маунт ја искористи невнимателноста на одбраната на Лестер за да го постигне својот прв премиерлигашки гол.

Меѓутоа, Лестер покажа дека не е тим за шега и без Хери Мегвајр, откако во 67. минута од мечот Вилфред Ндиди со одличен удар со глава по нафрлувањето на Медисон го матираше Кепа Аризабалага и израмни за „лисиците“.

Scroll to Top