Top Sport

Лампард: Да ни ја тргнат забраната, па тогаш ќе зборуваме!

Менаџерот на лондонски Челси, Френк Лампард денеска изјави дека наскоро очекува вест дали ќе биде укината забраната на клубот која се однесува за доведување нови играчи. Челси во февруари годинава беше казнет затоа што довел во својот тим малолетни играчи, па доби забрана – 2 преодни рока да не смее да доведе ниту едно засилување.

Челси се жалеше на одлуката, а Судот за спортска арбитража минатиот месец ја разгледа жалбата и наскоро треба да се донесе одлуката.

„Наскоро, верувам дека ќе биде. Мислам дека денови се во прашање. Не сум слушнал ништо полошо од тоа, па сега да почекаме со плановите на Челси за јануари. Да видиме каква ќе биде пресудата, па потоа ќе зборуваме“ рече на ова Лампард.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) кај „сините“ пронајде прекршување на 150 правила со тоа што доведе во последните години вкупно 69 играчи.

Забраната би требало да истече во февруари идната година.

Scroll to Top