Мадридски Атлетико има проблеми со напаѓачите сезонава.

Алваро Мората по сјајната серија од 6 гола во низа на исто толку меча – застана. Диего Коста е често повреден, Никола Калиниќ е испратен на позајмица во Рома, па тренерот на тимот кој игра на три фронта (ЛШ, Ла Лига и Куп на Шпанија), Диего Симеоне бара засилување.

Според пишувањата на шпански „АС“, на листата желби на „јорганџиите“ се четворица напаѓачи.
🔴⚪ El Atlético tiene el problema del límite salarial, que le impide fichar si no sale algún jugador
🔎 El club peina el mercado
⚽ Cavani siempre está ahí y asoma Piatek, el delantero polaco del Milánhttps://t.co/ux6QQU1Q2a
— Diario AS (@diarioas) December 3, 2019
Родриго од Валенсија беше блику до потпис со Атлетико, но неговото доаѓање зависеше од заминувањето на Анхел Кореа во Милан, што на крајот не се случи.

Втор на листата на желби на Симеоне е Едисон Кавани од ПСЖ. Уругваецот со доаѓањето на Мауро Икарди го изгуби местото во стартната постава, а на лето сигурно станува слободен играч. Затоа може да се очекува дека „Светците“ ќе го продадат во јануари, за да заработат на него. Претпоставките се дека Кавани би можел да се пресели на „Ванда Метрополитано“ за 20 милиони евра.

Чоло Симеоне гледа и кон Серија А. Таму на мета се двајца напаѓачи – Кшиштоф Пјонтек од Милан и Андреа Белоти од Торино.

По сјајните партии минатата сезона (постигна 30 гола), сезонава досега има само 3, од кои двапати од пенал. Полскиот фудбалер чини околу 40 милиони евра.

Од друга страна, од сите напаѓачи на радарот на Атлетико, во најдобра форма е Белоти. Италијанецот досега има 13 гола. Неговиот договор со Торино е до летото 2022 година. Сепак се чини дека Управата на клубот каде моментно настапува нем да го понуди за помалку од 50 милиони евра.