Легендата на Челси, Френк Лампард е најсериозниот кандидат за менаџерската позиција во премиерлигашот Норич откако клубот од „Кероу роуд“ вчера му врачи отказ на менаџерот Даниел Фарке.
По 11 премиерлигашки кола Норич е на дното на табелата со само 5 бодови.
Управата на „канаринците“ мора итно да дејствува за да пронајде нов кормилар, а Лампард изби во прв план како најсериозен кандидат.
Тој е без ангажман од почетокот на годинава кога беше сменет од менаџерската позиција во Челси.
Медиумите на Островот пренесуваат дека конкуренција на Лампард му се Стивен Џерард, како и искусниот Рој Хоџсон, а се споменуваат и имињата на Скот Паркер и Лисијан Фавр.
Интересно е што довчерашниот кормилар на Норич отказот го доби на денот кога ја забележа првата сезонска победа (2-1) во ПЛ, нагости кај Брентфорд: