Top Sport

Лампард го наплатил отказот

Френк Лампард го наплати отказот кој во понеделникот му го врачи Челси. За предвремениот раскин на договорот, клубот на Лампард, му исплатил два милиони фунти.

Роман Абрамович, досега за предвремен раскин на договорите исплатил 112 милиони фунти.

Најмногу пари му биле исплатени на Антонио Конте (26,6 милиони фунти), Жозе Мурињо од првиот отказ заработил 23,1 милион фунти, а од вториот, осум години подоцна добил 8,3 милиони фунти.

Единствени од Челси, без да добијат и пени, се Гус Хидинк и Рафаел Бенитез.

Scroll to Top