Top Sport

Лампард: Кепа уште не го одиграл последниот меч за Челси

Менаџерот на Челси, Френк Лампард вели дека голем број од критиките кон неговиот голман Кепа Аризабалага се „нефер“ и демантира дека Шпанецот веќе го одиграл последниот меч за „сините“.

Кепа официјално е најскапиот голман на светот, откако Челси платија 72 милиони фунти на Атлетик Билбао во 2018 година, и 25-годишниот Шпанец во првата сезона беше стабилен на голот, пред да има многу нестабилна 2019/20 во која повеќепати беше заменуван од Вили Кабалјеро. Лампард повторно му даде шанса на стартот на новата сезона, но тој прими смешен гол при победата над Брајтон на 14 септември, по што му подари гол на Садио Мане при 0:2 поразот од Челси.

Челси веќе го купија сенегалскиот голман Едуар Менди за 22 милиони фунти и се очекува 28-годишниот Сенегалец да дебитира кога ќе ја врати физичката подготвеност. Во саботата, Кепа не беше на голот при 3:3 ремито со ВБА.

„Не, не би кажал дека Кепа го одиграл последниот меч за Челси. Тој поминува низ тежок период и критиките кои ги добива не се фер“, вели Лампард.

 

Scroll to Top