Менаџерот на Евертон, Френк Лампард не може да се помири со ВАР системот откако неговиот тим не доби пенал против Манчестер сити и покрај очигледното играње со рака на Родри.
Евертон загубија со 0:1 со голот на Фил Фоден во 82. минута и за Лампард најголем виновник е судијата Пол Тирни и шефот на ВАР Крис Кавано, кои не досудија пенал и покрај прегледувањето на снимките.
„Не му викав на Тирни, туку само сакав да знам дали беше офсајд пред пеналот бидејќи тогаш немаше да важи. Но, ми кажа дека не е офсајд против Ришарлисон, така што тогаш е пенал. Судијата беше на другата страна и тоа е океј, одиме на ВАР, кои имаат минута и пол, две минути да ја разгледаат снимката. И тоа не го даде Крис Кавано… Имам тригодишна ќерка дома која ќе ви кажеше дека е пенал. Не се смеам, не се обидувам да бидам смешен. Ние сме во позиција кога се бориме на дното на табелата, а Манчестер сити се борат за титулата, така што секој момент е клучен. Кога имаш систем кој има минута-две да направат најлесна можна одлука, треба да е многу едноставно“, изјави лутиот Лампард.
Might have to stan Frank Lampard. He's probably going to get fined, but I respect him massively for having the bollocks to speak up about thispic.twitter.com/cPNbQOZOmA
— Has the Referee or VAR made a poor decision? (@PoorEPLreferees) February 26, 2022
Everton were denied a penalty after Rodri was deemed to have not deliberately handled the ball ❌ pic.twitter.com/XqpQ2uiRTb
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 26, 2022