Top Sport

Лампард не се сеќава на најголемите успеси со Челси

Френк Лампард беше дел од можеби најсилната генерација на Челси, освојувајќи еден куп титули, но актуелниот тренер на „сините“ признава дека му е тешко да се потсети на сите најважни детали во својата кариера.

Лампард освои три титули од Премиер лигата, четири од ФА купот, еден од Лига Европа, како и најславниот момент, освојувањето на Лигата на шампионите во 2012 во финалето против Баерн Минхен на пенали, кога Дидие Дрогба го постигна победничкиот гол.

„Мојата сопруга Кристина секогаш се шегува со мене бидејќи ќе почне: ‘Се сеќаваш на тоа? Се сеќаваш кога се враќавме од Баерн Минхен и Дрогба танцуваше?’. Искрено, не се сеќавам на ништо. Не сум изнервиран, но би сакал да ги имам тие моменти во мојот живот. Но, многу сум лош со такви детали и тоа е чуден феномен. Не ми оди ни кога намерно ќе се обидам да се потсетам“, вели Лампард, кој во кариерата имаше 648 настапи а Челси, 210 гола и 151 асистенција.

Scroll to Top