Top Sport

Лампард по отказот на Џерард: Потребно е на тренерите да им се даде повеќе време

Менаџерот на Евертон, Френк Лампард смета дека на тренерите треба да им се даде повеќе време да ги исполнат своите планови, откако неговиот поранешен согирач од англиската репрезентација, Стивен Џерард доби отказ од Астон вила.

Џерард, кој пристигна во Вила минатиот ноември, беше отпуштен по 3:0 поразот од Фулам по кој останаа на 17. место во Премиерлигата. Лампард, кому исто така не му оди најдобро со Евертон, вели дека има огромна почит за Џерард како „играч, тренер и човек“.

„Сите го сфаќаме ризикот на работата која ја вршиме, и има многу позитивни работи во тоа. Но, како тренер во модерниот фудбал, потребно ти е време и услови за работа. Ние ја носиме цела одговорност, и мора да донесеме резултати, но понекогаш во модерниот фудбал не ти даваат доволно време. Имаме добри примери во Премиерлигата. Тренерот кој е на првото место, Микел Артета, е фален за неговите квалитети, но имаше многу моменти кога се бараше тој да добие отказ“, вели Лампард.

Scroll to Top