Top Sport

Муту: Златан ќе го фрлеше Блази низ прозор!

Адријан Муту има нова анегдота од кариерата на Златан Ибрахимовиќ, тврдејќи дека тој го држел својот соиграч од Јувентус, Мануеле Блази низ прозорец во опасна шега.

41-годишниот Ибрахимовиќ уште е активен фудбалер, иако е повреден, но првпат дојде во италијанскиот фудбаал во 2004 година, кога пристигна во Јувентус од Ајакс, пред да замине во Интер по скандалот „Калчополи“ во 2006 година. Во тие две години тој беше соиграч со Муту, кој открива дека имал необичен начин да го воспостави својот авторитет.

Откако фудбалерот од средниот ред Блази во интервју споменал дека Ибрахимовиќ и Муту се „луди“, Златан решил да му се одмазди додека тимот бил на тренинг во Австрија пред меч од Лигата на шампионите против Рапид Виена.

„Златан ми кажа дека ја отворам вратата од нашата соба. Бевме на вториот кат. Блази поминуваше низ ходникот, Златан го грабна, го крена и го однесе до прозорецот. Кога тој ќе ве фати, не можевте ништо, бидејќи беше голем и навистина силен. Тој го мафташе Блази надвор од прозорецот држејќи го за нозе и го праша: ‘Уште нешто да искоментираш’. Блази врескаше, јас го влечев Златан. Кога се вративме назад, Блази почна да вика: ‘Вие не сте здрави во главата’“, вели Муту.

Scroll to Top