Top Sport

Лампард почна да се расправа со новинарите

Притисокот по лошите резултати очигледно почна да го нервира менаџерот на Челси, Френк Лампард, кој на прес-конференцијата пред мечот од четвртото коло на ФА купот против Лутон, ги обвини новинарите дека сакаат да предизвикаат негативна реакција кај навивачите на „сините“.

По пет порази во последните осум меча во Премиер лигата, шпекулациите велат дека Роман Абрамович полека ги губи нервите со легендата на клубот, и Лампард на прашањето колку Петр Чех и неговото искуство е „витално“ за тимот, реши да се позанимава со новинарските написи од последните неколку недели.

„Мислам дека самодовербата на тимот ќе биде уништена ако прочитаат дел од вашите написи кои ги пишувате секоја минута. Дел од нив е како да се обидувате на социјалните мрежи да наидете на негативна реакција. Ги читав и кога ни одеше добро, но тогаш немаше пофалби. Така што нема да е вишок да има малку објективност“, вели Лампард, одговарајќи на новинарот Лајам Туми од „Атлетик“.

Лампард посебно беше лут на написот од средата во кој стоеше: „Вака изгледа скршен тим, мизерен тим кој е во последна фаза на умирање“.

„Не сум глупав, го знам притисокот кој доаѓа кога си менаџер на врвен фудбалски клуб, но јас само си ја вршам работата. Притисокот е океј. Секако, подобро е кога победуваш и посреќен бев во ноември и откомври, но тоа е дел од работата“, додава Лампард.

Scroll to Top