Шпекулациите беа дека коронавирусот ќе ги намали цените на фудбалерите, ама се чини дека од тоа нема ништо.
Челси летото 2018 година потроши високи 80 милиони евра за анонимен голман од Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага, што до ден денес е рекорд кога станува збор за голмански трансфер.
Шпански „АС“ пишува дека менаџерот на „сините“ Френк Лампард го означил чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак како примарна мета ова лето. Информациите од Шпанија се дека Челси е подготвен за еден од најдобрите голмани во моментов да одвои рекордни 100 милиони евра.
Челси веќе потроши сериозна сума на пари за Тимо Вернер (Лајпциг) и Хаким Зијеш (Ајакс), а се споменуваа и 100 милиони за трансфер на Каи Хаверц од Баер Леверкузен. Сепак, најверојатно Лампард овие средства ќе ги усмери кон Облак затоа што очигледно е дека не е задоволен од Кепа. Тој има најмал процент на одбрани во Премиерлигата.
Атлетико не планира така лесно да го пушти Облак, неговиот договор е до 2023 година.
Инаку, Кепа прими 53 гола на 39 меча и само на 9 ја сочува својата мрежа празна.
За разлика од него, Облак на 46 меча беше совладан 35 пати, а на 21 меч неговата мрежа мируваше.