По конфликтите со Јирген Клоп од Ливерпул и својот стар познаник Жозе Мурињо од Тотенхем, менаџерот на Челси, Френк Лампард вели дека нема да го повтори конфликтот со својот поранешен селектор, Рој Хоџсон.
Лампард ќе игра против Кристал палас на Хоџсон во сабота во Премиер лигата, четири дена откако при поразот на пенали од Тотенхем имаше кратка расправија со Мурињо, тренерот под кој имаше огромен успех во Челси. Според Лампард, 73-годишниот Хосон е „вистински“ менаџер, „вистинска“ личност.
„Неговата кариера е навистина исклучителна. Имам огромна почит кон него и кон неговото однесување. Сигурно нема да има расправија со Рој“, вели Лампард.
Мурињо по мечот со Тотенхем изјави дека му дал совет на Лампард како да се однесува кога ќе се „вжештат“ работите, но Лампард вели дека не е така.
„Не мислам дека коментарите при натпревар можат да се наречат совет. Секогаш би сакал да добијам совет од менаџерите, надвор од фудбалот. Но, инцидентот со Жозе не беше наменет да биде совет“, додава Англичанецот.
Лампард нема од што да се срами, треба храброст да се застане против Клоп и Мурињо