Френк Лампард официјално се врати во Челси, но во поинаква улога. Најдобриот стрелец во историјата на „сините“ е новиот менаџер на клубот од „Стенфорд Бриџ“.

Лампард минатата сезона дебитираше како тренер. Со Дерби каунти не успеа да избори пласман во Премиер лигата. Во завршниот меч Дерби каунти беа поразени од Астон Вила (1:2).

Добрите резултати што ги постигна со Дерби каунти и заминувањето на Маурицио Сари од Челси го исфрлија Лмапард во пол-позиција за нов тренер. Денес тој потпиша три годишен договор со Челси.

„Гпрд сум што се врати во клубот како тренер. Сите знаат колкава е мојата љубов кон овој клуб. Со Челси имаме голема заедничка историја“, рекол Лампард.

„Се фокусирам на сезоната која е пред нас. Тука дојдов напорно да работам и во иднина да му донесам успех на клубот. Со нетрпение чекам да почнам со работа“.

Лампард, како играч, 13 години го носеше дресот на Челси.

 

View this post on Instagram

 

HE’S HOME! @FrankLampard is the new Chelsea head coach! ✍️ #WelcomeHomeFrank #CFC #Chelsea

A post shared by Chelsea FC (@chelseafc) on