Top Sport

„Ноле можеш ли да ми направиш дете“ (Видео)

Новак Ѓоковиќ, вчера, рутински го мина Американецот Денис Кудла и за 94 минути игра се пласира во третото коло на Вимблдон.

Спрските новинари покрај импресивната игра на бранителот на титулата од овој меч издвојуваат и еден необичен момент пто се случи во третиот сет.

Еден гледач нешто му дофрлил на Ѓоковиќ, тој со зачудена фаца само се насмеја, а по мечот објаснил за што станува збор.

„Јас го прашав, а тој ми потврди. Тој рече ‘можеш ли да ми направиш дете’?. Јас само го прашав ‘навистина тоа ме праша’?. Тогаш тој, онака, се почувствува посрамено. Не знам што да кажам на ова, навистина“, рекол Ѓоковиќ.

Инаку првиот носител на турнирот утре во третото коло за противник ќе го има младиот Полјак, Хуберт Хуркач.

Scroll to Top