Поранешниот претседател Жоан Лапорта е апсолутен фаворит повторно да стане прв човек на Барселона пред последната етапа во изборите во каталонскиот гигант, во која четири кандидати влегуваат во битка пред гласањето овој месец.
Жоан Лапорта, Виктор Фонт, Тони Фреича и Емили Русод ги поднесоа потребните потписи од членовите на клубот во понеделникот за да се дел од изборите кои ќе се оддржат на 24 јануари. Лапорта, кој беше претседател во клубот во успешниот период од 2003 до 2010 презентираше 10.272 потписи, Фонт достави 4.713, Фреича 2.822, а Русод 2.510. Сега почнува проверката на овие потписи, пред одредувањето на кандидатите во четврток.
Жорди Фаре, Ксавиер Вилажоана, Агусти Бенедито, Луис Фернандез Ала и Пере Риера не успеаја да ги соберат потребните 2.257 гласа. Барселона продолжува со изборите и покрај зголемениот број на случаи на КОВИД-19 во Каталонија.
Лапорта, чија програма предвидува убедување на Лионел Меси да остане во клубот, откако собра повеќе потписи од тројцата ривали заедно е огромен фаворит за враќање на чело на тимот.