Top Sport

Атланта лесно со „десеткуваните“ Сиксерси

Треј Јанг постигна 26 поени, а Атланта хокс имаа доминантно второ полувреме за лесна 112:94 победа над „десеткуваните“ Филаделфија севентисиксерс. Деандре Хантер и Брендон Гудвин имаа по 15 поени за Атланта да ја прекине низата од четири порази, откако имаа 15:2 отварање на второто полувреме за да направат предност од 80:52.

Атланта стигна до 95:65 предност во третата четвртина пред Јанг и другите стартери да ја преседат на клупа последната четвртина. Сиксерс, пак, користеа само 9 играчи, а Џоел Ембид ги предводеше со 24 поени и 11 скока. Филаделфија има повеќе повредени кошаркари, но и шест позитивни на КОВИД-19.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Њујорк 109:88

Кливленд – Мемфис 91:101

Орландо – Милвоки 99:121

Вашингтон – Феникс 128:107

Атланта – Филаделфија 112:94

Портланд – Торонто 112:111

Сакраменто – Индијана 127:122

Scroll to Top