Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, не се откажува од проектот, европска Суперлига. Барселона, Реал и Јувентус, не се откажаа од Суперлигата, како што претходно тоа го направија Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид, иако УЕФА изврши силен притисок врз нив.
Лапорта, за шпанските медиуми, рекол дека и покрај заканите, Барселона нема да се повлече од овој проект, за кој смета дека е иднината на фудбалот.
„И понатаму се обидуваме да влеземе во дијалог со УЕФА. Нема да се извиниме поради обидот да ја организираме Суперлигата. Немаме намера да и кажеме на УЕФА дека ние жал, само поради тоа што сакаме да сме господари на своите судбини. Додека сум јас претседател на Барселона, ние нема да се извиниме“, рекол Лапорта.
УЕФА, имаше намера ригорозно да ги казни Барселона, Реал и Јувентус, но се откажа откако на суд беше забрането да се преземаат мерки против нив.
„УЕФА ни се закани со парични казни и со исфрлање од Лигата на шампионите. Времето покажа дека бевме во право. Се откажаа од дисциплинската постапка и не поканија да играме во Лигата на шампионите. Ова го правиме поради тоа што го сакаме фудбалот. Државните клубови можат да вложуваат многу повеќе од нас. Младите сакаат атрактивна игра, брјот на гледачи опаѓа, што значи дека има се помалку пари. Сакаме Суперлиата да биде најатрактивното натпреварување во светот. Ја повикуваме УЕФА и националните шампионати да седнеме и да разговараме. Тоа е проект кој има поголема поддршка од онаа што ја има УЕФА. Таа за солидарност плаќа 180 милиони евра, а Суперлигата тоа би го направила со 400 милиони евра. Веруваме дека слично размислува ФИФА. Реакцијата на УЕФА беше чудна, направија чекор назад“, заклучил Лапорта.