Top Sport

Лапорта дал 750.000 евра на синот на Негреира, но ветува: Ќе објасниме сè

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта преку соопштение до јавноста најави дека ќе ги објасни сите нејасни работи околу скандалот со исплатите на компанијата на поранешниот потпретседател на судиската организација во Шпанија, Хозе Марија Енрикез Негреира, откако шпанските медиуми тврдат дека тој исплатил 750.000 евра на синот на Негреира.

Преку видео-објава на Твитер акаунтот на Барселона, Лапорта обвини дека се напаѓа Блауграна, и во триминутното видео вети дека ќе го одбрани клубот, ни дек тој ќе нападне.

Барселона исплатиле 7 милиони евра на компанијата на Негреира во период од 20 години, случај за кој веќе се води официјална истрага на шпанското обвинителство.

„Кампањата која ја следиме не е случајна и крајната цел е да се дестабилизира тимот на кратки патеки, а на средни патеки да се контролира тимот. Ќе дојде време да објасниме кој, како и зошто ја прави овааа кампања. Немајте сомнеж дека ќе се браниме. Но, и ќе нападнеме. Сега мораме да се фокусираме на нашите играчи бидејќи првата цел е да се дестибилизира тимот“, вели Лапорта.

Овие коментари доаѓаат кратко откако се појавија документи со кои се докажува дека Лапорта како претседател на клубот во првиот мандат му исплатил на синот на Негреира (тогаш асистент во шпанската репрезентација) 750.000 евра во шестгодишен период од 2004 до 2010 година.

Scroll to Top