Top Sport

Мартинез го повика Роналдо и објасни: Не гледам колку години имаат моите фудбалери

Новиот селектор на Португалија, Роберто Мартинез, како што се очекуваше го врати 38-годишниот Кристијано Роналдо во тимот за квалификациските мечеви за Еуро 2024 против Лихтенштајн и Луксембург, нова шанса за фудбалерот на Ал-Наср да го подобри сопствениот рекорд во националниот дрес.

Не беше сигурно дали Роналдо ќе сака да продолжи со репрезентацијата, откако претходниот селектор, Фернандо Сантош не го постави како стартер на двата меча од Светското првенство во Катар, каде што беа елиминирани во четврт-финалето од Мароко.

„Кристијано е многу важен за репрезентацијата. Јас никогаш не сум ја гледал возраста и годините на моите играчи“, објасни шпанскиот тренер.

Португалија го пречекува Лихтенштајн на 23 март, а гостува кај Луксембург три дена пооцна. Роналдо има 118 гола во 196 настапи за репрезентацијата.

Scroll to Top