Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта знае колку значи денешниот меч против Баерн Минхен, во кој каталонскиот клуб се враќа во Лигата на шампионите против тимот кој пред две години ги понижи со 8:2 во еден од најшокантните порази во историјата на клубот.
Тој ги повика навивачите на Барселона преку ретка објава на социјалните мрежи.
„Поздрав кулес, денеска имаме меч од Лигата на шампионите. Нашата историја ни кажува дека ги надминавме моментите на неверојатна тешкотија и денеска е таков момент. Ја имаме предноста на нашиот домашен терен и со најмногу фанови од стартот на пандемијата. Од вас барам да ги поддржувате нашите фудбалери и тренерот. Навивајте за Барса, ова е една од тие вечери кои излегуваме на стадионот со сила, ентузијазам и по победа. Ако сте во можност носете го дресот на Барса, да блеска на стадионот. Барселона се врати. Се врати во Лигата на шампионите и ќе оди на победа“, се вели во видеото на Лапорта.
Avui demano encoratjar els nostres jugadors i el nostre entrenador, i animeu com mai des de les vostres localitats. És d’aquelles nits que cal anar a l’Estadi amb la samarreta blaugrana per dir ben clar i fort a tot el món futbolístic: Això és el Barça. Hem tornat!#BarçaBayern pic.twitter.com/3qAPK6O7AR
— Joan Laporta Estruch? (@JoanLaportaFCB) September 14, 2021