Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги предупреди своите ривали во Шпанија и во Европа дека Блауграна се „вратија“ и дека ќе се борат за најдобрите фудбалери следното лето при презентацијата на Феран Торес во понеделникот, иако уште го немаат регистрирано засилувањето од Манчестер сити.
Барса не можеше да си дозволи да го заддржи Лионел Меси и се согласи да му дозволи на Антоан Гризман да замине во Атлетико Мадрид поради финансиските проблеми и долгот од 1.35 милијарди евра, но претседателот на каталонскиот клуб верува дека најтешкото е зад нив.
„Дозволете ми да не зборувам за поедини фудбалери, бидејќи тоа не оди во корист никому. Но, работиме за летниот преоден рок. Сите работи кои се возможни. Барселона уште е репер за другите. Секој фудбалер на планатета сака да дојде тука, а го имаме и нашиот статус на пазарот на играчи. Нека се подготвени, бидејќи Барселона се врати, и доаѓањето на Феран го покажува тоа. Враќањето на Барса е реалност и фудбалскиот свет ќе го сфати тоа“, изјави Лапорта.
Оптимизмот на Лапорта е во целосна спротивност со реалноста на „Ноу Камп“. Ла лига им дозовли да трошат оваа сезона само 97 милиони евра и дополнителни 25 отсто од тоа што ќе зачуваат. Тие се на петтото место во Ла лига и испаднаа во групната фаза на Лигата на шампиони, а сега ќе мораат да продаваат играчи да го регистрираат Торес.