Top Sport

Лапорта: Кога ќе ја средиме касата ќе можеме да правиме големи планови

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта зборуваше за плановите на клубот за следната сезона. Тој сака да ја вклучи Барселона во борбата за трофеи и да му овозможи на Чави подобар тим.

Лапорта проговорил и за Килијан Мбапе. Одгоовирл на новинарско прашање, дали клубот е во трка за потписот на Мбапе, кој најави дека ќе го објави името на новиот клуб до финалето на Лигата на шампионите.

Се претпоставува дека Мбапе ќе заврши во Реал Мадрид, а Лапорта за каталонското радио потврди дека Барселона нема шанси во трката за потписот на францускиот напаѓач.

„Веднаш ќе ви кажам дека никогаш повеќе нема да дозволиме да влеземе во димензијата на целосно лудило со финансиите. Додека сум јас во клубот такви работи нема да се случуваат. Мбапе бара нето плата од 50 милиони евра. Тој е највисоко ниво во светскиот фудбал. Сепак, ни таков играч не е гаранција за трофеј во ЛШ, како што можете да видите“, рекол Лапорта.

„Не можеме да зборуваме за плати од 25, 30 или 40 милиони евра. Не би било фер кон играчите кои сега се во Барселона и оние кои се согласија на намалување на платата за да му помогнат на клубот. Нашите играчи треба да бидат референца во светот на фудбалот, да го направат нашиот идентитет препознатлив за сите“.

Поради тоа Барселона би можела да го доведе Роберт Левандовски од Баерн, кој најави заминување од клубот. Неговиот договор со германскиот шампион истекува на крајот на јуни 2023 година, но Полјакот сака да ја напушти Германија.

„Оставете го спортскиот сектор да си ја заврши работата. Не можам да зборувам за тие детали. Луѓето работат на тоа Барселона да има уште посилен тим, но не е лесно поради тешката финансиска ситуација. За да се случи тоа, треба да активира една од двете нерешени трансакции. Откако ќе ја средиме касата, ќе можеме да правиме големи планови“.

Лапорта индиректно кажа дека Френки де Јонг ќе ја напушти Барселона. За него клубот може да добие помеѓу 70 и 80 милиони евра.

„Има некои играчи на Барселона кои се барани на фудбалскиот пазар, ние ќе го направимеона што е најдобро за клубот. Продажбата ќе биде не само од финансиски, туку и од спортски причини. Доколку успееме да ги средиме финансиите навреме, можеби нема да има потреба од продажба“, заклучил првиот човек на Барселона.

Scroll to Top