Top Sport

Лапорта потврди дека Куман нема да добие отказ

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, за „Мундо Депортиво“, рекол дека Роналд Куман ќе остане тренер. Шпанските медиуми, изминатите денови, пишуваат дека Куман ќе добие отказ по вечерашниот натпревар со Атлетико во Мадрид.

„Куман останува тренер на Барселона. Ја заслужи нашата доверба, тој е легенда на клубот. Го ценам тоа што се согласи да биде со нас во овие тешки времиња за клубот“, рекол Лапорта и дополнил.

„Без оглед на резултатот вечерва тој ќе остане тренер“.

Барселона, вечерва од 21 часот, ќе му гостува на шампионот Атлетико.

Scroll to Top