Top Sport

Лапорта сака Барса да го „украде“ слоганот на Ливерпул: You’ll Never Walk Alone!

Претседателскиот кандидат на Барселона, Жоан Лапорта сака каталонскиот клуб да биде инспириран од Ливерпул и да го користи слоганот „You’ll Never Walk Alone“ за славната академија на клубот, „Ла масија“.

Лапорта, кој беше претседател на Барса од 2003 до 2010, потврди дека ќе се кандидира на изборите во јануари. На неговиот веб-сајт јасно стои програмата за „Ла масија“.

„Ла масија ќе биде постојана придружба на фудбалерите под слоганот ‘You’ll Never Walk Alone’. Сакаме да станеме центар за високи перформанси и спортска исклучителност, каде што фудбалерите лично ќе се развиваат“, вели Лапорта.

Останува прашањето зошто академијата која ги „произведе“ Лионел Меси, Чави, Андрес Иниеста, Карлес Пујол и Ансу Фати би сакала да преземе слоган од друг клуб.

„You’ll Never Walk Alone“ е песна напишана во 1945 година за мјузиклот „Карузел“, но стана неофицијална химна на Ливерпул откако во 1963 година, ливерпулската група Џери енд д Пејсмејкерс објавија всвоја преработка.

Scroll to Top