Top Sport

Кристијано ја доби наградата „Златно стапало“

Кристијано Роналдо додаде уште едно индивидуално признание на неговата голема колекција, откако ги победи Лионел Меси, Роберт Левандовски и Мохамед Салах за да биде добитник на 18. издание на „Златното стапало“.

Трофејот се доделува на фудбалерите кои се истакнуваат со своите спортски достигнувања, но и според нивниот карактер, откако 10 фудбалери добиваат номинации од интернационалните новинари, по што се гласа онлајн.

Роналдо доби повеќе гласови од Меси, Левандовски, Џорџо Кјелини, Нејмар, Серхио Рамос, Серхио Агуеро, Салах и Артуро Видал. Јувентус остварува двојна победа, откако претседателот Андреа Ањели е првиот добитник на „Голден фут престиж“, награда избрана од новинарите.

Scroll to Top