Top Sport

Лапорта: Сити и ПСЖ се машини за правење пари, не може држави кои не се во ЕУ да го водат еворпскиот фудбал

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, уште еднаш потврдил дека заедно со колегите од Реал и Јувентус, Флорентино Перез и Андреа Ањели, не се откажале од проектот европска Суперлига.

Во најновата изјава Лапорат има забелешки на се поголемиот влез на капитал од арапските држави, САД и Кина во европскиот фудбал.

„Работиме на проектот. Го промовираме заедно со Флорентино Перез со кого често разговарам. Најдобар начин да го спасиме европскиот фудбал е Суперлигата. Јасно е дека треба да се прилагодиме на барањата на УЕФА, не смееме да си дозволиме да ги уништиме националните првенства“, рекол Лапорта и потоа упатил критики до ПСЖ и Манчестер сити.

ПСЖ јасно го кажаа ставот дека се против Суперлигата, додека Манчестер сити е еден од потписниците на идејата, но први се повлекоа заедно со останатите англски клубови (Челси, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Манчестер јунајтед).

„Не можеме да си дозволиме европскиот фудбал да биде во рацете на држави кои не и припаѓаат на Европската унија. Јасно е дека Манчестер сити и ПСЖ се машини за правење пари и ние се бориме против тоа. Тоа не го прават само овие три клуба (Барселона, Реал, Јувентус), туку и оное кои не се експонираат, но од позадина ја поддржуваат нашата идеја“.

Scroll to Top