Top Sport

Лапорта влетал во соблекувалната на судиите по поразот во „Ел класико“

Од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта било побарано да си замине од соблекувалната на судиите откако побарал објаснување за одредени одлуки при 3:1 поразот од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, стои во извештајот на судиите наѓа мечот.

Победата на „кралевите“ беше потврдена од Родриго во финишот на мечот со гол од пенал, нешто што го налутило Лапорта бидејќи претходно судиите не го провериле преку ВАР стартот на Дани Карвахал над Роберт Левандовски.

„Кога заврши мечот и судискиот тим се врати во соблекувалнаата, претседателот на Барселона, Лапорта влезе и постојано бараше објаснување за одредени одлуки во мечот. Од Лапорта беше побарано да ја напушти соблекувалната без дополнителни инциденти“, стои во судискиот извештај.

Барса ги чека бурен период – бидејќи играат со Вилјареал и со Атлетик Билбао во лигата, за потоа да ги пречекаат Баерн Минхен на „Ноу Камп“ во клучен меч од ЛШ на 26 октомври. Пред тој меч, тие може да ја знаат својата судбина во ЛШ, бидејќи ако Интер го победи тимот на Викторија Плзењ во мечот кој стартува неколку часа претходно, Барселона нема да има шанси да оди понатаму.

Scroll to Top