Top Sport

Лас Палмас ангажирале детективи да следат сопствен фудбалер!

Шпанскиот второлигаш Лас Палмас се најде во незгодна ситуација, откако барајќи изговор да го продадат својот фудбалер од средниот ред Тана, ангажирале детектив кој требал да открие некој „валкан веш“ на шпанскиот фудбалер.

Според „Марка“, клубот го ангажирал детективот со цел да го следи постојано за да се најде некаков прекршок по кој би го прекинале неговиот договор, и ова траело еден месец, а откако 29-годишниот шпански фудбалер го дознал тоа, ангажирал адвокати.

Тана има над 100 настапи за Лас Палмас, вклучувајќи период во кој играа во Ла лига, а минатата сезона беше позајмен на кинескиот клуб Жеиџанг гринтаун. Тој има уште три години од својот договор.

Scroll to Top