Top Sport

Што понатаму за Гонзало Игуаин?

Гонзало Игуаин ќе замине од Јувентус ова лето, потврди новиот тренер на тимот Андреа Пирло, што може да значи конечен крај на европската авантура на 32-годишниот напаѓач.

Игуаин пристигна во Торино од Наполи во контроверзен трансфер во јули 2016 и оттогаш освои три италијански титули со „бјанконерите“, кои минатата сезона го пратија на половина сезона позајмица во Челси.

„Зборував со Игуаин. Тој е човек кого го почитувам и кој имаше важен период со нашиот клуб. Но, решивме дека патиштата мора да се раздвојат. Тој беше голем шампион, но циклусите завршуваат“, изјави Пирло.

Сега, останува да се види каде ќе заврши напаѓачот, иако останување во европскиот фудбал е речеиси невозможно, и покрај врските со Фиорентина. Најсериозен кандидат можеби е Лос Анџелес галакси, каде што тренер е Аргентинецот Гијермо Барос Счелото, додека навивачите на Ривер Плата се надеваат дека тој ќе ја заврши кариерата во својот омилен клуб.

Scroll to Top