Аргентинскиот интернационалец Леандро Паредес е цел на калчолигашот Лацио. Тој минатата сезона ја одигра како позајмен играч во Јувентус, но сега повторно е дел од ПСЖ, со кој има договор до јуни 2024 година.
Тренерот на „лацијалите“, Маурицио Сари, би сакал да го има Паредес во тимот за новата сезона во која клубот од Рим ќе настапува и во Лигата на шампионите. Раководството на Лацио се обидува да пронајде решение како да го доведе на „Олимпико“.
Лацио нуди едногодишна позајмица, додека ПСЖ сака да го продаде ова лето.
🚨 Lazio want to sign Leandro Paredes from PSG, who have quite low demands to let him go. 🇮🇹🤝🇦🇷
(Source: @DiMarzio) pic.twitter.com/RhR3aysPpu
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 29, 2023