Top Sport

Сон Хеунг-Мин преку ноќ стана една година помлад

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, преку ноќ стана една година помлад откако неговата татковина, Јужна Кореја и формално с откажа од необичниот начин за броење на годините на своите жители.

Традиционалниот корејски систем на одредување на староста траеше со векови, и според него периодот на бременост на нивната мајка беше вклучен во нивната возраст, одредувајќи ги 1 година стари при раѓањето. Потоа, секој човек добиваше уште една година плус секој 1 јануари, дури и бебињата родени во декември, што значеше дека бебињата родени во декември некоја година, одеднаш имаа 2 години на 1 јануари.

Новиот корејски претседател, Јун Сок Јеол во декември го објави законот, кој во средата стапи на стила, и сите Корејци станаа една или две години помлади.

Сон, кој е роден на 8 јули 1992 година и има 30 години.

Scroll to Top