Top Sport

Лауреус награди: Меси и Хамилтон ја поделија титулата, Сајмон Бајлс е најдобра спортистка

Американската гимнастичарка Сајмон Бајлс по третпат е прогласена за најдобра спортистка од страна на Лауреус спортската академија, додека во машка конкуренција дојде до интересна поделба на трофејот помеѓу шесткратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон и шесткратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси.

22-годишната Бајлс ја продолжи својата супериорност во гимнастиката, освојувајќи пет златни медали на СП во Штутгарт минатата година за да стане најуспешната спортистка на ова натпреварување.

„Ова ми значи толку многу. Благодарам на моите пријатели и на пријателите“, изјави Бајлс со видео-порака од Хјустон, каде што тренира за Олимпијадата во Токио во 2020.

35-годишниот Хамилтон доминираше со Мерцедес и ја освои својата шеста титула, додека 32-годишниот Меси ја предводеше Барселона до трофејот од Ла лига, негов 10-ти во кариерата. Меси е првиот фудбалер со оваа награда. Хамилтон својот говор го искористи за да побара поголема разноликост во Формула 1.

„Пораснав во спорт кој ми даде значење на животот. Но, исто така пораснав во спорт во кој нема многу различности. Наша одговорност е да бараме родова еднаквост и инклузивност“, изјави Хамилтон.

За најдобар тим во 2019 година е прогласена јужноафриканската репрезентација во рагби, популарните „Спрингбокс“, кои го освои Светскиот куп, додека награда за животно остварување на домашен терен во Берлин доби НБА легендата Дирк Новицки.

Софи Флерш, Ф2 тркачката која имаше хорор-судир пред една година во Макау, но лани се врати на тркањето ја доби наградата за кам-бек на годината, додека Колумбиецот Еган Бернал е добитник на наградата за пробив на годината по неговиот триумф на најелитната велосипедска трка, Тур де Франс.

Scroll to Top