Откако менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека Пол Погба е фудбалер на Манчестер јунајтед и не е во посед на неговиот контроверзен агент,  Мино Рајола, тој реши да одговори со остар напад преку Инстаграм.

Солскјер одговараше на тврдењето на Рајола дека Погба би можел да се врати во Јувентус во текот на летото.

„Не сум зборувал со Мино, тоа е сигурно. И не, не му кажав на Пол да му каже на Мино што треба да зборува. Пол е наш фудбалер, а не на Мино“, изјави луто Норвежанецот.

Рајола преку Инстаграм ја продолжи војната на зборови, велејќи дека францускиот репрезентативец е сопствен човек.

„Пол не е мој, но сигурно не е посед на Солскјер. Пол е на Пол Погба. Не можеш да поседуваш човечко битие подолго време во Велика Британија и на друго место. Се надевам дека Солскјер не сака да каже дека Пол е негов затвореник. Пред да коментира за било што, треба да се информира за контекстот во кој се кажуваат работите. Јас сум слободен граѓанин кој може да ги кажува своите мисли. Досега мислам дека бев можеби предобар кон него. Солскјер треба да се потсети на работите кои тој ги кажа минатото лето на Пол. Солскјер можеби е фрустриран поради други работи и треба да се грижи за тие. Да бев на негово место, ќе правев така“, напиша Рајола.

 

View this post on Instagram

 

Paul is not mine and for sure not Solskjaer’s property, Paul is Paul Pogba’s. You cannot own a human being already for a long time in the UK or anywhere else. I HOPE Solskjaer DO NOT WANT TO SUGGEST THAT PAUL IS HIS PRISONER. ⠀ ⠀ BUT BEFORE Solskjaer makes comments about things I say he should inform himself better about the content of what has been said. ⠀ ⠀ I am a free citizen who can think and express my thoughts. Until now I was maybe to nice to him. Solskjaer should just remember things that he said in the summer to Paul. ⠀ ⠀ I think Solskjaer may be frustrated for different reasons and is now mixing up some issues. ⠀ ⠀ I think that Solskjaer has other things to worry about. ⠀ AT LEAST IF I WAS HIM I WOULD.

A post shared by Mino Raiola (@minoraiola) on

„Погба не е играч на Рајола, тој е фудбалер на Манчестер Јунајтед“