Top Sport

Лаутаро го брка Јовиќ од Реал Мадрид?

Аргентинскиот голгетер и член на милански Интер, Лаутаро Мартинез, според пишувањата на медиумите во Италија, е на радарот на Реал Мадрид. Претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез не е задоволен од нападот на својата екипа, вклучувајќи го тука и српскиот голгетер, Лука Јовиќ кој се чини се уште нема добиено вистинска можност да ги покаже квалитетите.

Долгогодишниот центарфор на Реал, Карим Бензема го продолжи договорот со клубот, па доколку Реал го ангажира Аргентинецот, тоа ќе значи дека Србинот може да почне да си ги пакува коферите.

Сепак, Мартинез е под договор со Интер до 2023 година, па Конте сигурно нема да дозволи еден од главните играчи така лесно да си оди од „Џузепе Меаца“.

Scroll to Top