Top Sport

Федерер спаси пет сет топки за победа против Гофан во Шангај

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи Давид Гофан од Белгија со 7-6 и 6-4 во осминафиналето на Мастерсот во Шангај. Со тоа Швајцарецот се избори за 87-мо четвртфинае на турнирите од серијата 1.000.

На Федерер му требаа околу 2 часа игра да го скрши отпорот на Гофан затоа што спасуваше дури 5 сет топки во првиот сет кој го освои во тај-брејк. Во тај-брејкот Гофан имаше две сет топки, но Швајцарецот се извлече и успеа да казни.

Во вториот сет Федерер направи Брејк во седмиот гејм, што беше пресудно за мечот.

Во финишот на првиот сет, при резултат 5-5 и 30-30 Федерер сервираше, Гофан возврати, по што швајцарскиот ас се лизна и се најде на земја. Имше среќа што не се здоби со посериозна повреда.

Scroll to Top