Top Sport

Хамилтон: Јасно е дека Фетел веќе не е прв возач на Ферари

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон денеска изјави дека контроверзиите меѓу возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер на трката за Големата награда на Русија, во Сочи јасно покажуваат дека Германецот веќе не е прв возач на Ферари.

Во Сочи триумфираше Хамилтон, пред Ботас. Леклер стартуваше од пол позицијата, а според договорот пред трката, го пропушти Фетел да го претекне за да може да го блокира Хамилтон.

Од екипата тогаш го известија Фетел дека мора да му ја врати позицијата на Леклер, што четирикратниот шампион во Ф1 го одби, а Французинот негодуваше.

Поради проблеми со болидот, Фетел на половина трка се откажа од натпреварот, па Леклер на крај заврши како трет.
Хамилтон вели дека не слушањето на тимските наредби е јасен показател дека италијанската екипа фокусот го префрлила на Леклер кој оваа сезона има повеќе победи и пол позиции од клупскиот колега.

„Имаат интересна динамика, затоа што Себастијан беше број 1, а јасно е дека сега тоа не е. Од енергијата, од тоа како изгледаат, се гледа дека истото се обидуваат со Шарл. Дали е тоа добро за нив? Не верувам. Но таа филозофија секогаш ја имаа (да имаат прв возач во тимот)“ – рече Хамилтон.

Леклер и Фетел по трката во Сочи изјавија дека дошло до погрешна комуникација.

Scroll to Top