Top Sport

Лаутаро-Лукаку шоу за Интер со „петарда“ да влезе во финалето на Лига Европа

Интер ќе игра со Севилја за титулата од Лига Европа, откако „нераѕурите“ не дозволија изненадување против украинскиот шампион Шахтјор Доњецк, победувајќи го лесно со 5:0 за Антонио Конте да се доближи до првиот трофеј со клубот.

Лукаку Мартинез во 19-тата минута го отвори резултатот, по една несигурна реакција на голманот на украинскиот тим, пред во второто полувреме, да се потврди победата на Интер.

Данило Д’Амброзио во 64. минута го удвојува водството со гол со глава по корнер,  за Лаутаро во 74. минута да го постигне својот втор гол и вкупно 21. оваа сезона со убав гол од далечина, пред на сцена да стапи Ромелу Лукаку со два гола во 78. и 84. минута за убедлив триумф.

Финалето се игра во петок во 21 часот на „Рајненерги“ стадионот во Келн.

Scroll to Top