Top Sport

Лаутаро Мартинез донесе победа за Интер

Интер стигна до минимална победа над Верона (1:0) и се израмни бодовно со Јувентус на третата позиција на табелата во Серија А. „Нероаѕурите“ имаат десет бода негатива во однос на лидерот Наполи.

Лаутаро Мартинез во третата минута ја погоди мрежата на Верона, а потоа тимот на Симоне Инзаги умешно ја чуваше предноста. Верона не успеа посериозно да се закани иако во финишот тргна кон голот на домаќинот.

Scroll to Top