Top Sport

Стразбур го изненади Лион

Стразбур стигна до само втората победа оваа сезона во Лига 1, совладувајќи го на гости Лион со 1:2. Домашниот тим е во криза и го забележа вториот пораз во последните три меча.

Жан-Уде Ахулу најави изненадување со голот во 29.минута, а само три минути подоцна Стразбур поведе и со 0:2. Стрелец на вториот гол беше Хабибу Дијало.

На истекот на првото полувреме, Александре Лазазет реализираше пенал за Лион, но домаќинот не успеа да избегне пораз.

Scroll to Top