Top Sport

Лаутаро Мартинез нема намера да се сели во Арсенал

Лаутаро Мартинез нема намера да се пресели во Арсенал. Клубот од Лондон сериозно е заинтересиран за Аргентинецот, според некои медиуми Арсенал ги контактирале колегите од Интер.

Лаутаро ги спушти на земја челниците на Арсенал со изјавата дека би се преселил во Англија само во клуб што ќе настапува во Лигата на шампионите. Арсенал, пет години не е дел од елитнтното натпреварување.

Лаутаро Мартинез е играч на Интер од 2018 година. Неговиот трабсфер од Расинг изнесуваше 23 милиони евра. Во изминатите три сезони, Мартинез за Интер настапил на 132 натпревари, постигнал 49 голови.

Летово, со репрезентацијата на Аргентина, Лаутаро ја освои Копа Америка.

Scroll to Top